Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа рутинска победа во новата сезона во Суперлигата, откако на првиот домашен натпревар без многу проблеми го совладаа ланскиот ривал во плеј-офот, Струга (37-20). Овој натпревар за македонскиот првак беше последна проверка пред средбата со Фуксе Берлин во Битола, во второто коло од Лигата на шампионите.
Бранислав Ангеловски очекувано ги одмори повеќето првотимци, а оние кои што добија шанса за докажување – одлично ја искористија. Пред сè последното засилување, младиот Самоил Ристовски, кој се покажа во вистинско издание и беше еден од најдобрите на паркетот. Слободен ден добија Радивојевиќ, Манасков, Митревски, Кузмановски, Хосни, Пешевски, Тајник...
Кај домашните по седум гола постигнаа Нејц Цехте и Павле Атанасијевиќ, а еден помалку дадоа Самоил Ристевски и Урош Борзаш.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Прво коло:
Еурофарм Пелистер - Струга 37-20 (13-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер:
Ивиќ, Митревски, Цехте 7, Ристевски 6, Кузманоски 1, Тајник, Борзаш 6, Кузмановски, Ѓорговски 1, Петровиќ 7, Пет. Атанасијевиќ 2, Цикатиќ 2, Хаџиќ 2, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 8 минути
Струга:
Тутенкоски, Ѓорѓиески 3, Наумоски 2, Д. Мечкароски 2, М. Костоски, Великиќески, Кленкоски 2, Симоноски, Пејчиноски, Савески 1, Ф. Мечкароски 2, Н. Костоски 3, Мијушковиќ 5, Пајкоски, Клељоски
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 4 минути
Во следното трето коло Еурофарм Пелистер гостува во Велес против новиот суперлига Бисинов Фруит Ленд.