Македонскиот шампион, Пелистер од Париз ја почна новата сезона во Лигата на шампионите. Битолчани загубија од ПСЖ, но му покажаа заби на големиот противник, конечниот резултат беше 31-29 за францускиот тим. Филип Кузмановски беше најдобар во Пелистер постигнувајќи осум, а Жарко Пешевски даде шест гола.
На прес-конференцијата по натпреварот тренерот на македонскиот шампион, Бранислав Ангеловски, беше задоволен од изданието на своите избраници.
„Си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, рече Ангеловски.
Делегацијата на ПСЖ утре се враќа во Македонија и веднаш ќе започне да го подготвува дебито во Суперлигата, в сабота против Струга.