Со победа екипата на Еурофарм Пелистер ја стартуваше одбраната на титулата во македонската ракометна Суперлига. Битолчани на гостувањето во салата „Јасмин“ во Кавадарци над Тиквеш славеа со конечен резултат 27-31.
Кај победникот доминираше Пешевски со осум голови, а два помалку запиша Тајник. На спротивната страна по пет погодоци реализираа Обина и Анастасовски. На овој дуел за Еурофарм Пелистер не настапија Филип Кузмановски и Усама Хосни.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Прво коло:
Тиквеш - Еурофарм Пелистер 27-31 (17-15)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 1.500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Тиквеш:
Арсиќ, Велков, Бакев, Анастасовски 5, Петрески, Мијатовиќ 2, Темелкоски 2, Соколов, Кофиловски 2, Димовски 4, М. Манасков 4, Лазов, Гачевиќ 3, Коцев, Даневски, Обина 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Д. Манасков 2, Цехте 1, Ристевски, Тајник 6, Борзаш, Радивојевиќ 4, Абутовиќ 1, Ѓорговски 3, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски 8, Цикатиќ, Пав. Атанасијевиќ 3
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути
Во второто коло Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека тимот на Струга.