РК Еурофарм Пелистер се наоѓа пред почетокот на новата сезона, а во неа ќе влезе со нов дрес и нов ракометар. Во нашиот проект за развој промоцијата на ракометари од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер е континуиран процес. Оваа сезона во шампионот на Македонија доаѓа кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски.
18-годишниот кружен напаѓач зад себе има две сезони во Суперлигата, настапи во плеј-офот и на големите натпреварувања со младите селекции на Македонија. Тој е пријавен за натпреварите од домашната и меѓународната сцена и наскоро се очекува неговото деби.
Ристевски премиерно го облече новиот зелено-бел дрес, кој промотивно екипата на Еурофарм Пелистер ќе го носи на Суперкупот на Македонија во Гевгелија на 4 септември 2024 година. Наскоро тој ќе биде достапен и за нашите навивачи!