Еурофарм Пелистер - Чеховски Медведи 26-25 (12-15)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра во финалето на „Купот на пријателството“ во Болу, Турција. Екипата на Бранислав Ангеловски, носена од голманите и младите сили, одигра феноменален финиш и од -5 стигна до победа против Чеховски Медведи од 26-25 (12-15).
Битолчани имаа одличен почеток и крај на натпреварот и со тоа ги надополнија лошите периоди во централната фаза. Бранислав Ангеловски им даде шанса на скоро сите ракометари (освен Тајник и Цикатиќ), што е дел од планот за воигрување на турнирите во месец август.
Богдан Радивојевиќ со десет гола и без промашување беше прво име меѓу стрелците. Манасков, Борзаш и Пешевски постигнаа по три погодоци. Кај Чеховски Медведи се истакна Фурцев со пет и Котов со четири гола.
Противник на Еурофарм Пелистер ќе биде Мешков Брест.