Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се соочат во борба за првиот домашен трофеј во новата сезона - Суперкупот на Македонија.
Натпреварот за Суперкуп титулата ќе се игра во Гевгелија. Салата која ќе биде домаќин на овој настан е „24 Април“, а датумот на дуелот е 4 септември (среда) со почеток од 19:00 часот. Натпреварот од Суперкупот на Македонија исто така ќе биде емитуван во живо на програмата на МРТВ.
Еурофарм Пелистер досега има два трофеја во ова натпреварување, освоени во 2021 и 2022 година.