Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 29-26 (13-11)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер стигна до титулата на 52-от Струшки турнир откако во финалето го совладаа Вардар со 29-26 (13-11). Вардар во финалето влезе како бранител на трофејот, но на крајот се радуваше битолскиот состав. За Еурофарм Пелистер оваа титула беше 14. на овој турнир.
Натпреварот донесе изедначена игра од почетокот до крајот, но битолчани скоро цело време ја имаа предноста. Победникот го одлучуваа детали во последните моменти. На полувремето Еурофарм Пелистер водеше со 13-11. Вардар на стартот од вториот дел успеа да дојде до изедначување 19-19 и во продолжение гледавме изедначена борба.
Вардар 1961 израмни на помалку од десет минути до крајот, но пелистерци повторно ја презедоа контролата. Филип Кузмановски беше одличен со голови и асистенции, во клучните моменти погодуваше и Пешевски, а во самиот финиш печат на победата ставија крилата Радивојевиќ и Кузманоски.
Ова е четиринаесетта титула на турнирот во Струга за Еурофарм Пелистер.