Еурофарм Пелистер - ПАОК 36-20 (19-6)
Еурофарм Пелистер ќе игра во финалето на 52-то издание на Струшкиот ракометен турнир. Шампионот на Македонија беше убедлив против грчки ПАОК, решавајќи го прашањето околу победникот уште во првиот дел. Битолчани влегоа на теренот во петта брзина и не му дадоа никаква шанса на ривалот од Солун, кој по одиграни триесет минути успеа да постигне само 6 гола, а прими дури 19.
Уште во оваа фаза од мечот стана јасно дека избраниците на Ангеловски се тие кои патуваат во финалето, па вторите триесет минути беа чиста рутина.
На крајот, Пелистер стигна до максимални +16 и славеше со 36-20, па така закажа финале против Вардар 1961 кое на програмата е утре во 21:00 часот.
Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистер беа Радивојевиќ со девет гола од девет обиди и Кузманоски со шест погодоци од шест обиди. Филип Ивиќ запиша девет интервенции.