Охрид - Еурофарм Пелистер 30-30 (16-16)
Еурофарм Пелистер вчера го одигра првиот натпревар на Струшкиот турнир, а слободниот ден го искористи за нов контролен натпревар.
Пелистерци од Струга се префрлија во Охрид, каде силите ги одмерија со домашните „гладијатори“. Натпреварот на „Билјанини Извори“ заврши без победник, со резултат 30-30, а израмнето беше и на полувреме, откако двете екипи постигнаа по шеснаесет гола.
Тренерот Ангеловски комбинираше со тимот, бидејќи битолчани играат четири натпревари во четири дена.
По овој дуел Еурофарм Пелистер се враќа во Струга, каде го чека натпревар од второто коло против ПАОК, додека Охрид формата ќе ја бруси на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи од 20 до 24 август.