b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_08_cikatik.jpg

Хрватските ракометари со години се задомаќинети во Битола. Добро познатиот светски бренд, како што е хрватскиот ракомет, беше репрезентиран од познати имиња како Мандалиниќ, Мараш, Божиќ Павлетиќ, Кушан, Бабиќ... Летово пристигнаа уште двајца Хрвати во нашиот тим за сезоната 2024/25. Еден од нив е 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми и доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица. Неговото име е Кајо Цикaтиќ, игра на позицијата кружен напаѓач, поседува голем капацитет и пред него е сезона на докажување.

„Би сакал да се заблагодарам на сите членови на управата и луѓето во Битола кои ме прифатија одлично. Градот е преубав и благодарен сум на шансата да играм тука. Едвај чекам да видам полни трибини, а јас кога ќе ја добијам својата шанса ќе дадам максимум. Гледав доста натпревари на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, но и македонското првенство. Не е дека има само еден-два клубови кои се борат, туку четири-пет и ќе биде тешко да се повтори ланскиот успех.

Нема потреба да ги зборувам моите карактеристики. Ќе дадам максимум, ќе пролијам крв и пот на натпреварите и тренинзите. Својот придонес сакам да го покажам на теренот“

„Би сакал да се заблагодарам на сите членови на управата и луѓето во Битола кои ме прифатија одлично. Градот е преубав и благодарен сум на шансата да играм тука. Едвај чекам да видам полни трибини, а јас кога ќе ја добијам својата шанса ќе дадам максимум. Гледав доста натпревари на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, но и македонското првенство. Не е дека има само еден-два клубови кои се борат, туку четири-пет и ќе биде тешко да се повтори ланскиот успех.

Нема потреба да зборувам за моите карактеристики. Ќе дадам максимум, ќе пролијам крв и пот на натпреварите и тренинзите. Својот придонес сакам да го покажам на теренот“, рече младиот Хрват.

Цикaтиќ е роден во Дубровник, беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723