Битолчанецот Дамјан Наумовски е нов играч на Еурофарм Пелистер 2. 23-годишниот среден бек се враќа во родната Битола по неколку години. Во својата кариера настапувал за Еурофарм Пелистер, Металург РА, Јехона.
Претходно прволигашот од Битола се засили со Мартин Јовановски и Стефан Дрогришки.
Тренерот Александар Зарков ќе прозива во спортската сала „Боро Чурлевски“ в среда, на 31 август, од 16:00 часот.