Екипата на Еурофарм Пелистер потврди дека и ова лето во рамките на подготовките за наредната сезона ќе биде учесник на Меѓународниот ракометен ТВ турнир на шампионите, како единствен претставник од Македонија.
По ждребката пелистерци се во групата А, заедно со Црвена Звезда, Татабања и Загреб. Во групата Б се Веспрем, првиот фаворит за трофејот, Слога, Бешикташ и Ал-Ахли.
Традиционалниот турнир во Добој ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а ќе учествуват осум квалитетни екипи, меѓу кои најзвучно име е унгарскиот гигант.