Ростерот за сезоната 2024/24 на Еурофарм Пелистер ќе биде побогат за уште еден роден шампион. Ни причинува особено задоволство што наш нов член е српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ.
Дефанзивецот со богата кариера доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шартр. 35-годишникот, роден во Врбас, се обврза на едногодишен договор со нашиот клуб и ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули.
Илија Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони ги мина настапувајќи за Шартр.
Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата.
Абутовиќ во Битола ќе биде претставен на почетокот на подготовките.