а денешната ждрепка во ЕХФ беа одредени групите за новата сезона во Лигата на шампионите каде што Македонија ќе ја претставува Еурофарм Пелистер.
Ждрепката сакаше Еурофарм Пелистер биде во групата А, каде што друштво ќе му прават: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин и Спортинг.
„Повторно сме во кремот на европскиот и светскиот ракомет и повторно звездата ќе свети во Битола и во Македонија. Иако шампионот на Македонија беше под линијата која гарантира директно учество во Лигата на шампионите, ЕХФ ја препозна нашата клупска сериозност. Благодарение на нашата целокупна организација на натпревари од највисок ранг, на нашата прекоректна публика, заедно со нашите верни навивачи „Чккембари", кои секогаш несебично не бодреа до последна секунда и на крај искрено ја честитаа победата на гостите, сосема заслужено ни ја додели „вајлд-картата“ за повторно учество. Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти од нашиот спорт, вклучувајќи ги и резултатите. Ова е еден огромен чекор напред и со играњето во Лигата на шампионите на македонскиот шампион, успеавме да го задржиме континуираното играње на македонскиот шампион во најдоброто натпреварување“, изјави Ангеловски по ждрепката.
Групната фаза ќе стартува на 11/12 септември.