Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги објави добитниците на „вајлд-карти“ за новата сезона од Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер е меѓу оние кои добија.
Покрај македонскиот шампион уште пет клуба добија покана од ЕХФ да учествуваат во Лигата на шампионите, а тоа се Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Киелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија.
Тие ќе им се придружат на Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плок, Спортинг и Фредериција со што се комплетира списокот од 16 екипи учесници во Лигата на шампионите.
Ждрепката за групната фаза предвидена е за 27 јуни.