Дел од ракометниот крем од регионот ќе учествува на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи во организација на ГРК Охрид и Општина Охрид од 20 до 24 август 2024 година. Титулата ќе ја брани Еурофарм Пелистер кој прифати да настапи на турнирот на кој улествуваше минатата година.
Покрај Еурофарм Пелистер и домаќинот на турнирот од Македонија ќе учествуваат уште и Вардар и Алкалоид, како и Партизан и Динамо Панчево од Србија, Ловќен од Црна Гора, Целје од Словенија и Олимпијакос од Грција.