Еурофарм Пелистер побара „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите
Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер побарал „вајлд-карта“ за место во Лигата на шампионите, а за седумте специјални покани конкурираат 12 клубови.
За новата сезона во Лигата на шампионите за мажи, сигурни се девет клуба (Алборг, Барса, ПСЖ, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колштад, Висла Плоцк и Спортинг Лисабон), а преостанатите седум места ќе се пополнат со специјална покана.
Освен Еурофарм Пелистер на „вајлд-карта“ се надеваат и Загреб (Хрватска), Фредериција (Данска), Бидасоа (Шпанија), Нант (Франција), ПИК Сегед (Унгарија), Елверум (Норвешка), Киелце (Полска), Порто (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) и Татран Прешов (Словачка).
ЕХФ ќе ја соопшти одлуката на 21 јуни, откако барањата ќе бидат разгледани од комисија два дена претходно.