Еурофарм Пелистер 2 не успеа да победи во баражот против Радовиш за опстанок во Суперлигата и покрај тоа што имаше големи шанси и беше фаворит на оваа средба. Битолчани беа совладани во драматична завршница и од следната сезона се селат во Првата лига.
Само два дена по оваа средба, Михаил Петровски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер 2 , која управата веднаш ја прифати.
Наскоро клубот ќе го именува новиот предводник на екипата.