Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија од Радовиш со 26-27 во бараж средбата за место во Суперлигата и следната сезона ќе играат во понизок ранг.
Голема борба и драма донесе соочувањето во Автокоманда, соочување кое беше решено со погодок по истекот на времето. Имено Радовиш доби последна шанса да го реши мечот во регуларниот дел, поточно остана само уште слободниот удар кој го изведе искусниот Здравко Постолов, удар кој заврши во мрежата на „зелено-белите“ за победа од 27-26 (9-14)
Токму Постолов со осум реализации беше прв стрелец, најголема поддршка му беше Митревски со шест погодоци.
Кај пелистерци кои сега одат ранг подолу, Мијушковиќ беше автор на седум голови.
Ракомет
Плеј-оф за опстанок во Суперлига
Еурофарм Пелистер 2 - Радовиш 26-27 (14-9)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Андоновски
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Маркоски 4, С. Талевски 1, Ристевски, Мирчевски, Димовски, Трпчевски, Димитровски 2, Калајџиовски 4, Пецаковски, Ивановски 4, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 7
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 16 минути
Радовиш:
Ристов, Стојановски 5, Цековски, Јованов, Митревски 6, Ј. Ѓорѓиев, Постолов 8, К. Димов, Ф. Талевски, Димчевски 3, Ончев, Атанасов, Костадинов, Петров 5, Костадиновски
Седмерци: 7/3
Исклучувања: 12 минути
Во сезоната 2024/25 екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе се натпреварува во Првата лига.