Ракометарите на Еурофарм Пелистер по осми пат во клупската историја се шампиони на Македонија. Денеска во последното коло од плеј-офот во Суперлигата, битолчани пред своја публика славеа против Алкалоид со 32:28 и сами си го решија прашањето за титулата.
На „зелено-белите“ им беше потребна победа за да го задржат првото место на табелата и не дозволија Алкалоид уште еднаш да ги изненади, како во финалето на Купот во Скопје. Битолчани во поголемиот дел од мечот против Алкалоид диктираа темпо и го имаа резултатот во своја корист. Гостите од Скопје имаа предност само на почетокот од мечот, а во продолжение постојано беа во резултатски заостаток. Еурофарм Пелистер на полувремето имаше предност од високи +5, па прославата на титулата веќе започна на трибините, но сепак, во второто полувреме Алкалоид успеа само да го намали резултатот за еден гол.
Еурофарм Пелистер - Алкалоид 32-28 (18-13)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“- Битола.
Гледачи: 4.000
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Еурофарм Пелистер:
Лесјак 1, Гедбан 1, Манасков 6, Цехте 4, Кузманоски 1, Тајник 3, Борзаш 1, Танкоски, Радивојевиќ 6, Кузмановски 5, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 2, Пешевски 2, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути
Алкалоид:
Трајкоски, Галевски, Џонов 2, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов, Карасманакис, Стојковиќ 2, М. Митев 6, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Симоноски 4, Бинго 2, Д. Митев 6, Савревски, Димовски 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Подготовките за новата сезона почнуваат на 24 јули.