акометарите на Еурофарм Пелистер 2 беа подобри од Голден Арт со 39-25 во претпоследното коло од разигрувањето за опстанок во Суперлигата. Голден Арт имаше предност на стартот на мечот (4-2), но потоа Еурофарм Пелистер 2 ја презема контролата и на паузата замина 20-15. Битолчани доминираа во второто полувреме и постојано го зголемуваа водството до конечни 39-25.
Еурофарм Пелистер 2 има 33 бодови, колку и Прилеп по 13 одиграни меча, додека зад нив е Куманово со еден бод помалку.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут
13. коло:
Еурофарм Пелистер 2 - Голден Арт 39-25 (20-15)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Рубен Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Младенов, Печурица, Маркоски 4, Талевски 4, Димовски 4, Трпчевски, Димитровски 5, Калајџиовски 4, Пецаковски, Гичев 1, Ивановски 4, Белистојановски 5, Југовски 3, Хаџиќ 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути
Голден Арт:
Даскаловски, Бардакоски, Виларов, Трајковски 3, Христовски 1, Ончев 6, Глигоров, Стаменковиќ, Шилегов 6, Јанковски, Гошевски 1, Стојаноски, Миланов, Милошески 5, Дрпљанин 1, Гајиќ 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 10 минути
Во последното коло од разигрувањето за опстанок Еурофарм Пелистер 2 гостува кај соседниот Прилеп.