Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и со убедлива победа од 25-34 на гостински терен кај Струга остана на врвот во плејофот во македонската ракометна Суперлига. Уште еден натпревар на кој му е потребна една победа го дели тимот од титулата во македонското првенство. Избраниците на Ангеловски не видоа мака на гости кај Струга која ја имаше улогата на аутсајдер и цело време водеа. На полувремето резултатот беше 12-16 за „зелените“, а во вториот дел разликата константно растеше.
Најдобар стрелец во победата беше Цветан Кузманоски со осум постигнати гола, пред Цехте, Радивојевиќ и близнаците Атанасиејвиќ со по четири гола. Кај Струга, Мерис Бошњак погоди седум пати, а Александар Тренчевски имаше пет гола.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
13. коло
Струга - Еурофарм Пелистер 24-35 (12-16)
Спортска сала „Тими“ - Струга
Гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Струга:
Рикановиќ, Тутенкоски, Тренчевски 5, М. Костоски, Младеновски 4, Кленковски 2, Јанкуловски 1, Пејчиноски, Велјаноски 1, Ф. Мечкароски 2, Н. Костоски 1, Бошњак 7, Маркоски 1, С. Мечкароски, Ѓонески
Седмерци: 6/3
Исклучувања: /
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Манасков, Цехте 4, Кузманоски 8, Тајник, Борзаш 1, Танкоски 1, Радивојевиќ 4, Кузмановски 3, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 2, Васиљев 1, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 2 минути
Во последното 14. коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува тимот на Алкалоид.