Алкалоид е освојувач на Купот на Македонија откако во супер-драматично финале славеше над Еурофарм Пелистер, и тоа по пенал-рулет. Иван Галевски беше херој и на овој меч со два одбранети седмерци во пенал-рулетот, за огромна радост на сино-белите за кои ова е прв трофеј во клупската историја.
Регуларниот дел заврши без победник, во една интересна резултатска вртелешка во која и двата тима се менуваа во водството, за на крајот да се премине кон изведување на пеналите.
Најдобар стрелец на натпреварот за Алкалоид беше Симоноски со пет гола, пред Бинго, Дамјан Митев и Велковски со по четири гола, додека кај Еурофарм Пелистер, се истакна Пешевски со седум гола, пред Филип Кузмановски со шест реализации.
Спортска сала: „Борис Трајковски“ - Скопје
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопјје)
Алкалоид:
Галевски, Трајкоски, Џонов, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 3, Карасманакис, Стојковиќ, М. Митев 2, Ѓоргиев, Велковски 4, Симоноски 4, Бинго 4, Д. Митев 4, Савревски, Димовски 1
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Манасков 1, Цехте 3, Кузманоски, Тајник 3, Пјеховски, Борзаш, Танкоски, Радивојевиќ 2, Кузмановски 6, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 7, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Преостануваат уште две кола до крајот на Суперлигата, а во нив Еурофарм Пелистер се среќава со Струга и Алкалоид.