Ракометарите на Еуфораrм Пелистер се изборија за победа против Тиквеш и ќе се борат за Куп-трофеј оваа сезона. Битолчани не беа во посакуван ритам во најголем дел од мечот и успеаја да го разбеснат својот тренер, но очигледно пцовките на Ангеловски позитивно влијаеја врз играчите, кои на крајот пронајдоа пат до победа.
„Зелено-белите“ победија со 33-29 на натпреварот кој се одигра во „Борис Трајковски“, па така станаа први финалисти во најмасовното ракометно натпреварување во нашата земја.
Еурофарм Пелистер се пласира во четврто финале по ред во Купот, а лидер во овој потфат беше Богдан Радивојевиќ кој постигна десет гола, четири повеќе од Мијатовиќ кој беше најефикасен кај Тиквеш.
Ракомет
Куп на Македонија 2023/24
Полуфинале:
Тиквеш - Еурофарм Пелистер 29-33 (13-16)
Спортска сала „Борис Трајковски“ - Скопје
Гледачи: 50
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Тиквеш:
Гемаљевиќ, Велков, Анастастовски 4, Мијатовиќ 5, Темелкоски 1, Соколов, Стефановиќ 4, Гачевиќ 2, Лазов, М. Манасков 4, Шулески 2, Коцев, Симиќ 5, Мајиќ 2, Даневски, Обина
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Д. Манасков 1, Цехте 2, Кузманоски 3, Тајник 4, Борзаш 1, Танкоски, Радивојевиќ 10, Кузмановски 5, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 4, Пав. Атанасијевиќ 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути
Противник на битолчани во неделното финале ќе им биде поуспешниот од дуелот Вардар 1961 - Алкалоид.