Екипата на Еурофарм Пелистер го остави зад себе поразот од Вардар 1961 и забележа рутинска победа над Бутел од 30-22 во мечот од деветтото коло во суперлигашкиот плеј-оф. Домашните ракометари знаеја што сакаат на соочувањето во Битола, па одиграа доволно ефикасно во нападот и цврсто во одбраната што беше формула за успешен резултат со кој направија нов исчекор кон одбраната на титулата.
Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Кузмановски со пет гола, а еден помалку имаше Пешевски. За Бутел најпрецизен беше Николов со пет погодоци.
Сега Еурофарм Пелистер има 26 бода и лидер на табелата пред Вардар со 24 бода.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
Деветто коло:
Еурофарм Пелистер - Бутел Скопје 30-22 (14-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“
Гледачи: 1.000
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан 1, Манасков 2, Цехте 3, Кузманоски 2, Тајник 1, Пиечховски 2, Борзаш 1, Танкоски, Радивојевиќ, Кузмановски 5, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 2, Пешевски 4. Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Бутел Скопје:
Стојановски, Спасовски,Субашевски 2, Андревски 2, Пејковски 1, Стојановски, Ѓеорѓиевски 2, Николов 5, Крстевски 4, Јефтиќ 4, Михајловиќ, Цветковски 2, Јовевски, Василевски, Зенговски, Давитковски
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 4 минути
Во следното десетто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид.