Ракометарите на Еурофарм Пелистер го загубија првиот натпревар по деветнаесет победи по ред. Екипата на Бранислав Ангеловски загуби од Вардар 1971 со 24-20, во дуел од осмото коло на плеј-офот. Натпреварот беше неизвесен речиси во целиот тек, Вардар 1961 почесто водеше, најмногу со два гола разлика, но Еурофарм Пелистер успеа да го сврти натпреварот и неколкупати тие да ја имаат предноста.
Беше 19-20 за гостите, до крајот скопјани постигнаа пет гола, а битолчани ниту еден и тоа го одлучи дуелот.
Најдобар кај Вардар 1961 беше Јасухира со шест голови, исто толку постигна и Цехте за Пелистер. Томовски беше клучен со 12 интервенција, Лесјак имаше осум одбрани.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
Осмо коло:
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 24-20 (12-11)
Спортска сала: Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 4.000
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски
Вардар 1961:
Томовски, Јагуриноски, Аларов 1, Георгиевски 4, Карапалески, Јасухира 6, Родригез 4, Лазареовски 3, Гојковиќ, Срдановиќ, Николиќ 1, Петриќ 4, Ѓукиќ 1, Ќосевски, Мело, Гогов
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Манасков, Цехте 6, Кузманоски, Тајник 1, Борзаш, Танкоски, Радивојевиќ 4, Кузмановски 3, Гедбан, Петровиќ, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 2, Пешевски 4, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 6 минути
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Бутел Скопје.