Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија важна победа во трката за опстанок во Суперлигата, откако денеска на гостувањето во Скопје против Голден Арт славеа со 21-26 (9-13). Со оваа победа тимот на Михаил Петровски е близу до останување во елитата, а Голден Арт ќе мора до крај да се бори за својата позиција во елитното друштво.
Најефикасен на натпреварот беше Белистојановски со 6 гола, додека во тимот на Голден Арт Давид Даев и Мице Шилегов имаа по 5 погодоци.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут
Шесто коло:
Голден Арт - Еурофарм Пелистер 21-26 (9-13)
Спортска сала при СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Голден Арт:
Даскаловски, Бардакоски, Виларов, Трајковски, Христоски, Ончев 2, Глигоров, Даев 5, Стаменковиќ, Шилегов 5, Јанковски, Гошевски 2, Миланов 2, Милошевски 1, Дрпљанин 4, Гајиќ,
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Штаковски, Маркоски 4, Талевски 2, Митревски 5, Мирчески, Димовски, Трпчевски, Димитровски, Калајџиовски, Пецаковски, Ивановски 6, Белистојановски 2, Југовски, Мијушковиќ 3, Хаџиќ 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути
Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер 2 го игра пелагониското дерби против Прилеп.