Екипата на Еурофарм Пелистер останува перфектна и по шест кола во плејофот во Суперлигата, поточно го задржа својот 100 процентен учинок и по средбата со Струга која ја реализираше со резултат 34-23.
Многу беше јасно кој е фаворит на ова соочување, фаворитски статус кој избраниците на Ангеловски го потврдија на теренот во салата „Боро Чурлевски“ каде веќе по првиот дел имаа позитива од 16-9 за да во вторите триесет минути рутински го заокружат овој победнички настап.
Васиљев со шест и Цехте со пет погодоци беа најдобри стрелци.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
Шесто коло:
Еурофарм Пелистер - Струга 34-23 (16-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Манасков 3, Цехте 5. Кузманоски, Тајник, Борзаш 3, Танкоски 3, Радивојевиќ 3, Кузмановски 4, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Васиљев 6. Пав. Атанасијевиќ 2, Пешевски 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Струга:
Тутенкоски, Рикановиќ, Тренчевски 8, Ѓорѓиески, Савески, Младеноски 1, Кленковски, Јанкуловски, Симоноски, Пејчиноски, Велјаноски 1, Мечкароски, Костоски 1, Матески 4, Бошњак 8, Маркоски
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 2 минути
Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид во Автокоманда.