Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер од натпреварувачката 2024/2025.
Тоа што веќе некое време фановите го посакуваа беше потврдено и од клубот кој ја информораше јавноста дека е постигнат договор со искусниот голман за наредните две сезони.
Ова за Никола е враќање во својата родна Битола и во клубот за кој настапуваше во минатото. Во кариерата тој играше за Металург и Вардар на домашната сцена, а надвор од нашите граници беше во Романија и Португалија од каде и прави кам-бек во Македонија во актуелниот шампион.
Митревски потпиша договор на две сезони во друштво на директорот на клубот Звонко Шундовски.