Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ви го претставува првото засилување за сезоната 2024/25. Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следната сезона. Искусниот голман потпиша договор на две години.
Во нашиот тим доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите и роден шампион. По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.
Официјалното претставување на Митревски е предвидено во текот на денот.