Еурофарм Пелистер остана без двајца значајни ракометари по натпреварот против Колштад во Норвешка. Нашите играчи Ненад Костески и Павле Атанасиевиќ на последниот натпревар во Норвешка се здобија со повреди поради кои нема да можат да настапат на саботниот натпревар со ГРК Тиквеш.
Во тек на вчерашниот ден веднаш после пристигнување на екипата, направени се детални медицински прегледи и за жал повредата на Ненад Костески е од потешка природа. Се работи за кинење на преден вкрстен лигамент на десното колено. Ненад Костески во наредниот период ќе мора да се подвргни на хирушка интервенција и подолга рехабилитација.
Кај Павле Атанасиевиќ констатирано е фрактура на носна коска. Утрово превземена е соодветна медицинска постапка со која е санирана дислокацијата. Очекуваме дека Павле Атанасиевиќ ќе се врати на терените после пауза од три недели.
На двајцата наши млади играчи им посакуваме побрзо враќање на ракометниот терен. Клубот ќе ги превземе сите мерки за најквалитетна здравствена нега.