Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски вели дека е задоволен од прикажаното на неговиот тим и покрај поразот од Колштад во Лигата на шампионите. Пелистерци со пораз го затворија настапот во Лигата на шампионите. Битолскиот тим загуби со 34-27 од Колштад, но Ангеловски не е разочаран.
Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Колштад одигра подобро од она што го гледавме на видео. Не бевме подготвени бидејќи не можевме да сметаме на сите ракометари кои ги имаме. Но, горд сум на моите момци, бидејќи игравме со еден млад тим кој е полн со македонски играчи кои се иднината за нашиот ракомет. Доаѓаме од една мала земја каде ракометот е спорт број еден и се надевам дека секоја наредна година ќе бидеме се подобри.
Урош Борзаш
(РК Еурофарм Пелистер)
Сакам да му честитам на ривалот. Горд сум на нашиот тим, одигравме со многу млади играчи. Дел од нив ги имаа првите посериозни минути во Лигата на шампионите.
Битолчани утре се враќаат во Македонија и следниот натпревар го играат в сабота против Тиквеш во Кавадарци