Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на повикани ракометари за собирот во рамки на претстојната ЕХФ недела, во која Македонија ќе одигра контролни натпревари со репрезентацијата на Романија.
На списокот на Лазаров се најдоа 21 ракометар, од кои деветнаесет се од домашниот шампионат, а само двајца интернационалци. Селекторот Лазаро ги повика: Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ. Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ и Жарко Пешевски.
Собирот е закажан за на 11 март со почеток во 16>00 часот. Натпреварите прогив Романија нашиот национален тим ќе ги одигра на 15 и 16 март во Браила.