Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го запишаа вториот пораз по ред во плеј-аутот на Суперлигата. По несреќниот пораз во Неготино, екипата на Михаил Петровски загуби во Автокоманда од Мулти Есенс со 32-28 (17-15)
По 1-3 за битолчани, домашниот тим со серија од 4-1 поведе со 5-4, а потоа полека успеа да го наметне своето темпо, водеше со 11-7, па 16-11 и 17-11. На другата страна гостите на одморот успеаја да намалат на 17-15. Ова не беше доволно за да се извади од ритам домаќинот, кој поведе со 26-18. Оваа позитива беше доволна да мирен и рутински финиш.
Костовски и Илиески со по седум погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, шест постигна Иваноски, додека прв стрелец на Еурофарм Пелистер 2 беше Мијушковиќ со шест гола.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут (четврто коло):
Мулти Есенс - Еурофарм Пелистер 2 32-28 (17-15)
Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 100
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски
Мулти Есенс:
Ерманоски, Димевски 4, Костовски 7, Илиевски 7, Настевски, Д: Узунчев 5, Петрески, Трајчев, Омерагиќ, Цветковски, Ивановски 6, Трајковски, Тодески, Т. Узунчев, Јорданов, Стојчевиќ 3
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Младенов, Маркоски 4, Талевски 1, Митревски, Димовски, Трпчевски, Димитровски 2, Калајџиовски, Пецаковски, Гичев, Ивановски 3, Белистојановски 3, Југовски 4, Мијушковиќ 6, Хаџиќ 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Скопје.