Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа четвртата победа во исто толку натпревари во плејоф фазата во ракометната Суперлига. Момците на Бранислав Ангеловски беа подобри од Тинекс Пролет со 32-29 и тоа во дуел во кој блескаше македонскиот репрезентативец, Кузмановски со дури 17 голови. Најголема поддршка му беше Радивојевиќ со пет погодоци, додека на спротивната страна по шест реализации имаа Димковски и Андоновски.
Домаќините беа подобар противник на самиот почеток, тргнувајќи фуриозно и поведоа со пет разлика. Сепак, капитенот Ласко Андоновски презеде одговорност постигнувајќи три гола во завршницата од полувремето, по што на одмор се замина со 16-13.
Гостите потоа почнаа одлично и во второто полувреме, експресно намалувајќи на 16-15 преку Палевски и Арсеновски. Еурофарм Пелистер Пелистер дојде до 23-20 и 24-21, но следеше нова фантастична серија на Тинекс Пролет. Ангеловски побара тајм-аут, но серијата на Тинекс Пролет продолжи и со головите на Мајнов и на Димковски стигна до израмнување од 25-25. Во завршницата домашниот состав преку голови од седмерци во завршните десет минути што Филип Кузмановски успеа да ги реализира, го скрши отпорот Тинекс Пролет за конечни 32-29 во Битола.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф (четврто коло):
Еурофарм Пелистер - Пролет 32-29 (16-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ -- Битола.
Гледачи: 1.100
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиж, Цехте 1, Кузманоски 2, Тајник 1, Пиечкоски 1, Танкоски, Радивојевиќ 5, Кузмановски 17, Костески 2, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Пешевски, Сери, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 11/11
Исклучувања: 6 минути
Пролет:
Михаљевиќ, А. Петковски, Х. Петковски, Алексовски, Крстевски, Пецаковски, Василевски 2, Додевски 2, Димов 2, Андоновски 6, Мајнов 1, Димковски 6, Палевски 5, Спасовски, Арсеновски 5
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути
Тиквеш, кој во ова коло славеше во Скопје против Бутел, е следниот ривал на Еурофарм Пелистер што ќе биде нов голем предизвик за двете екипи.