Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз од Алборг од 28-33 во последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите. Македонскиот тим се обидуваше да се носи, бори со еден од најквалитетните европски клубови, но и овојпат тоа не беше доволно за поволен резултат.
Битолчани во двете полувремиња дадоа по 14 гола, но во првото примија 17, второто еден помалку и на тој начин мораа спортски да му ја честитаат победата на противникот. Репрезентативецот Кузмановски беше прв стрелец со девет погодоци, додека Бартхолд и Бјорнсен имаа по пет реализации на другата страна.
Еурофарм Пелистер - Алборг 28-33 (14-17)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 3.500
Судии: Андреј Буџак и Михал Зарадник (Словачка)
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Манасков 2, Цехте 3, Пјеховски 2, Борзаш 6, Танкоски, Радивојевиќ, Кузмановски 9, Костески 2, Петровиќ, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 4, Сери
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Алборг:
Ландин, Нилсон 2, Ларсен, Бартолд 5, Арнолдсен 3, Нилсен 3, Халд 2, Норстејн, Хоксер 4, Ларсен 1, Влах 4, Бјорнсен 5, Мелгард 1, Јул, Хансен 3, Јакобсен
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути
Во последното 14. коло Еурофарм Пелистер гостува во Норвешка кај Колштад.