Актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, направи неколку промени пред вториот дел од сезоната, а една од нив е доделување на капитенската лента на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Претходно улогата на прв капитен на екипата ја имаше Жарко Пешевски.
Кузмановски во ноември потпиша договор со битолскиот тим, а Еурофарм Пелистер не чекаше долго пред да му додели поголема одговорност во вториот дел од сезоната кога екипата ќе се бори за шампионската титула.
Еурофарм Пелистер вчера го потврди и ангажманот на поранешниот репрезентативец Дејан Манасков, со што дополнително го засили својот состав.