Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го официјализирашe трансферот на поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец Дејан Манасков. Левото крилосо големо искуство од настапи во Германија и Унгарија пристигна во Битола и се запозна со клупските челници, стручниот штаб и новите соиграчи.
„Чест и задоволство ми е што сум во Битола, град во кој навивачите одлично го познаваат ракометот. Тука сум настапувал многу пати и секогаш ми било забавно, а сега ни преостанува да работиме, да се надградуваме и да ги оствариме целите кои се зацртани.
Секогаш сум се стремел кон највисоките дострели, сите сакаме да ја одбраниме домашната круна и ќе дадеме сѐ од себе за да го оствариме тоа. Тимот е одличен, Пелистер има солиден ростер, покриени сме со квалитетни играчи на сите позиции. Секогаш е добро кога има конкуренција во тимот. Мора да се воиграме малку со новите играчи, но мислам дека ќе имаме доволно време за сѐ.
Ќе ми биде драго повторно да заиграм во Лигата на шампионите. Таму настапував 11 години и имам големо искуство. Имаме уште четири натпревари и се надевам дека ќе успееме некому да му „откинеме“ некој бод. Овие мечеви ќе бидат одличен тест и подготовка за најважните дуели во домашното првенство. Ја сакаме дуплата круна, знам дека имаме сериозни конкуренти, но се надевам дека ќе успееме да ја освoиме“, изјави Манасков.
За македонската репрезентација Манасков одигра 72 натпревари и постигна 279 голови од дебито во 2012 година.
Првит тренинг со новите соиграчи Дејан Манасков ќе го има утре изутрина,