РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман.
Сепак, заради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик и нашиот клуб секогаш ќе биде отворен за соработка за професионалци како Андреас Нилсен.