Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се изврши извлекување на натпреварувачки броеви на екипите учесници во плеј-оф и плеј-аут фазата на Суперлигата.
Во плеј-аут сегментот со по три бода влегоа Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт, по два бода пренесоа Аеродром и Прилеп, а по еден Куманово и Мулти Есенс.
Ова се двојките од првото коло:
Голден Арт - Мулти Есенс
Прилеп - Скопје 2020
Аеродром - Еурофарм Пелистер 2
Куманово - Вардар Неготино
Почетокот на разигрувањето е предвидено за почетокот на февруари 2024 година.