Еурофарм Пелистер 2 победи во Куманово, но и покрај тоа не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот со оглед дека Струга го совлада Аеродром на домашен терен. Куманово имаше добар старт, поведоа со 5-2, меѓутоа тоа беше сигнал за гостите да заиграт подобро, па направија веднаш рпесврт. Со мали падови, Еyрофарм Пелистер 2 го држеше водството и го задржа до крајот.
Со седум погодоци најдобар на паркетот беше Ненад Белистојановски, додека кај Куманово исто толку даде Зоран Ѓурковиќ.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група А – 14. коло
Куманово – Еурофарм Пелистер 2 24-27 (12-14)
Спортска сала „СС Куманово“ - Куманово
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Куманово:
Кимевски, Богдановски, Димитријевски, Стојановски 1, Ѓурковиќ 7, Гамзардија 3, Цветковски 3, Бошковски, Тасевски 6, Миладиновски 1, Димитров, Илиевски, Симоновски 3, Крстевски, Михајловски
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Штаковски, Маркоски 1, Талевски 1, Ристевски, Митревски 6, Мирчески, Димовски 1, Трпчевски, Калајџиовски 6, Ивановски, Димитровски 3, Белистојановски 7, Мијушковиќ 2, Хаџиќ
Седмерци: 8/5
Исклучувања: 6 минути
Почнувајќи од февруари Еурофарм Пелистер 2 ќе се бори за опстанок во Суперлигата со учество во плеј-аутот.