Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер славеше победа против Прилеп со 33-38 од рамките од 14. коло во Суперлигата. Битолскиот тим од почетокот до диктираше темпото и поведе со 7-12 на полувреме од првиот дел, а таа предност од пет гола ја одржуваше и до паузата кога на семафорот стоеше 15-20.
Во вторите триесет минути Прилеп се разигра додека темпто на „пелистерци“ почна да опаѓа. На десетина минути до крајот Прилеп успеа и да изедначи на 28-28. Сепак во драматичната завршница шампионот беше подобар и не дозволи изненадување.
Петровиќ во редовите на победничкиот тим беше најефикасен со десет гола, додека Шабановиќ постигна осум за Прилеп.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – 14. коло
Прилеп – Еурофарм Пелистер 33-38 (15-20)
Спортска сала „Ристе Ристски-Ричко“ - Прилеп
Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Прилеп:
Ацевски, Ангелески, Цветаноски 6, Кастратовиќ 5, Рајатовски 1, Адамчески, Бикоски, Квастек 2, Крстески, Велески 1, Бурчески 2, Лозаноски, Шабановиќ 8, Имнадѕе 2, Трајкоски 6, Трајчевски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Тајник, Борзаш, Танкоски 3, Радивојевиќ 1, Костески 6, Петровиќ 10, Пет. Атанасијевиќ 7, Пав. Атанасијевиќ 3, Васиљев 3, Ѓорговски 2, Пешевски, Сери, Стевановиќ 1, Кузмановски 2
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути
Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминуваат на заслужен одмор, а првенството продолжува со плеј-офот во февруари 2024 година.