Ракометарот на Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ одигра неверојатен натпревар и во Купот на Македонија против Шампион постигна 32 гола (57-16). Младинскиот македонски репрезентативец имаше ден кој долго ќе го памети бидејќи вистинска реткост е да се постигнат голку голови на еден натпревар.
Посебно е интересно што во второто полувреме мрежата на Шампион ја тресеше дури 23 пати, девет пати беше прецизен во првиот дел.
Со овие три гола Атанасијевиќ постави рекорд во машка конкуренција. Рекордот до денес го држеше Златко Димитровски кој во дресот на Тиквеш постигна 31 гол.
Ракомет
Куп на Македонија 2023/24
Прво коло
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16 (26-3)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Глеедачи: 500
Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Тајник, Борзаш, Танкоски 1, Радивојевиќ, Кузмановски, Костески 10, Нилсен 5, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 32, Ѓорговски 2, Васиљев, Пав. Атанасијевиќ 4, Стевановиќ
Седмерци: /
Исклучувања: 2 минути
Шампион:
Христов, Дамчевски 1, Богоeвски 3, Белчевски, Бадаревски, Огненовски 6, Вренцоски 1, Петроски, Дебрешливоски 2, Сибиновски 1, Мирчевски 2, Трајковски, Перчуклиевски, Билбиловски, Чивлачки
Седмерци: 2/1
Исклучувања: /
Последниот официјален натпревар оваа година Еурофарм Пелистер ќе го одигра во вторник против соседот Прилеп на гостински терен.