Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Раде Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари кои ќе бидат дел од меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
На списокот има 18 имиња, а меѓу нив се и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2: Ненад Белистојановски, Самоил Ристевски и Мирче Калајџиовски.
Собирот на националниот тим е на 13 декември (среда) од 22:30 часот, а се заминува на турнирот во 23:00 часот од пред просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Ракометната селекција родена 2004 и помлади ќе игра на овој настан од 14 декември до 18 декември. Ривали се Романија, Саудиска Арабија и Словачка.