Избраниците на Михаил Петровски почнаа со одлична одбрана и таквата игра им овозможни лесни голови. Митревски и Трочевски погодуваа од бековските позиции, а крилата реалзиираа од транзиција. При 9-3 Таневски побара минута одмор за да ја стабилизира екипата. Сепак, стружани беа неефикасни, а Печурица разбранет на голот. Со високи 12-6, Еурофарм Пелистер 2 замина на одмор, на задоволство на присутните гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Ништо добро по стружани не донесе ниту вториот дел. Мијушковиќ му се приклучи на Митревски, неколку лесни голови постигна и Белистојановски и со +6 за битолчани се влезе во последните десет минути од натпреварот. Мерис Бошњак единствен возвраќаше, но Струга немаше сили за нешто повеќе од чесен пораз. Домаќините на крајот ја запишаа петтата победа во тринаесеттиот натпревар и се радуваа со финални.
Ракомет
Супетлига 2023/24
Група А – 13. коло
Еурофарм Пелистер 2 – Струга 22-17 (12-6)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи:
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски
Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Печурица, Маркоски 1, Талевски 4, Ристевски, Митревски 6, Мирчевски, Димовски, Трпчевски 2, Димитровски 3, Калајџиовски, Ивановски, Белистојановски 3, Југовски, Мијушковиќ 3, Хаџиќ,
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 12 минути
Струга:
Тутенковски, Тренчевски 1, Мулиќ, Савески 1, Младеновски 3, Јанкуловски 2, Бугариновиќ, Симоноски, Матески, Велјаноски, Мечкароски, Костоски 2, Бошњак 8, Марковски, Рикановиќ
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 12 минути
Во последното коло од регуларниот дел на групата А, Еурофарм Пелистер 2 гостува против Куманово. Во случај на победа и пораз на Струга од Аеродром, младите пелистерци ќе обезбедат место во плеј-офот.