Бутел, воден од поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер, Горан Кузманоски сериозно го намачи шампионот, но бодовите сепак заминаа за Битола.
Битолчани добро се намачија да дојдат до победата, со оглед дека во одредени делови од првиот дел беа во негатива, а на полувреме се замина со „егал“ (13-13).
Тајник и Пешевски ја материјализираа добрата игра на одбраната и на голманот Гедбан и пелистерци првпат поведоа на стартот на вториот дел (13-15). Следеа два индивидуални потези на Петровиќ, нов гол на Кузмановски за 18-22 во 42. минута. Играта во одбрана беше клучот во оваа фаза и со само шест примени гол во седумнаесет минути Еурофарм Пелистер го трасираше патот до победата. Николов и Крстевски не се предаваа и единствени одржуваа поднослив „минус“. Со 24-27 се влезе во последните пет минути, но искусниот тим на Ангеловски не дозволи доближување и извојува победа од 30-32.
Петровиќ со осум гола беше најефикасен кај победничкиот тим, додека ист број на голови постигна и Николов од домашниот тим.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – Дванаесетто коло
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 30-32 (13-13)
Спортска сала „Антон Димитров“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Бутел Скопје:
А. Стојановски, Блажевски, Андревски 2, Пејковски, Т. Стојановски 1, Ѓеоргиевски 3, Николов 8, Крстевски 6, Спасовски 5, Каевски, Јефтиќ 2, Василевски 2, Михајловиќ 1, Цветковски, Зентовски, Давитковски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер:
Гедбан 1, Кизиќ, Цехте, Тајник 1, Борзаш, Танкоски 1, Радивојевиќ 2, Кузмановски 4, Петровиќ 8, Костески 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Васиљев 1, Ѓорговски 5, Пешевски 5, Сери, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 9/9
Исклучувања: 4 минути
Со единаесет победи во дванаесет натпревари екипата на Еурофарм Пелистер е на делба на првото место во групата Б на Суперлигата заедно со Вардар 1961.