Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја пропуштија шансата да го освојат првиот бод во европската Лига на шампионите.
Вечерва битолчани немаа спортска среќа и беа поразени од Пик Сегед со 27-28 (12-15). За разлика од претходните средби, кога пелистерци добро стартуваа а лошо финишираа, вечерва одиграа одлично второ полувреме кое можеше да заврши со победа доколку судиите од Франција не направеа грешки кои директно влијаеа на текот на натпреварот.
Пелистерци успешно ја стопија предноста на ПIK Сегед која во еден момент изнесуваше пет голови, но во последните секунди од средбата незаслуженонбеа поразени.
Најефикасни поединци вечерва беа Шоштариќ со седум постигнати голови за гостите, а во тимот на Еурофарм Пелистер се истакнаа Борзаш со шест и повратникот во Битола, Филип Кузмановски со пет гола.
Еурофарм Пелистер - ПИК Сегед 27-28 (12-15)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола.
Гледачи: 2.700
Судии: Карим Газми и Рауф Газми од Франција
Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Лесјак, Цехте 3, Тајник 1, Кисум, Борзаш 6, Танкоски, Радивојевиќ 2, Кузмановски 5, Костески 1, Петровиќ 3, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Васиљев 4, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 10 минути
ПИК Сегед:
Миклер, Имсгард, Степанчиќ 5, Бодо 1, Мартинс 1, Јелиниќ, Сита 2, Габер 4, Шоштариќ 7, Фримел 2, Молина, Гарсијандиа, Фекете, Бомбач 2, Мачковшек 4, Силаџи
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 6 минути