По официјалната презентација новиот ракометар на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски и спортскиот директор Бранислав Ангеловски зборуваа за медиумите.
Филип Кузмановски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)
Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме.
Бранислав Ангеловски
(спортски директор на Еурофарм Пелистер)
Преговаравме со Вецлар и порано да го доведеме Кузмановски, но сега беше вистинскиот момент. Му благадарам на Филип што ја одбра нашата од многубројните понуди. Знаеме што значи за нас како клуб и за нашиот град неговото враќање. Со него имаме уште појака македонска структура во тимот и сигурно ќе ни биде од голема корист.