Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 19-29 (7-15)
Охриѓани славеа со 19-29 (7-15) во натпревар во кој фаворитот не дозволи изненадување и водеше од првата до последната минута. До паузата ГРК Охрид имаше 7-15, а на стартот на вториот дел за првпат поведе и двоцифрено (10-20), предност која не ја испушташе во повеќе наврати во продолжението од мечот.
Најдобар стрелец кај победникот беше Теимураз Ојроникидзе со осум гола, пред Гал Цицар со шест реализации, исто колку што погоди и Гоце Ојлески. Кај младите пелистерци, Белистојановски, Трпчевски и Митревски погодија по три пати.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група A
11. коло
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 19-29 (7-15)
Сшортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Еурофарм Пелистер 2:
Штакоски, Младенов, Печурица, Маркоски 1, Талевски 1, Ристевски 2, Митревски 3, Димовски 1, Мирчески, Трпчевски 3, Калајџиовски, Ивановски 2, Белистојановски 3, Југовски, Мијушковиќ 2, Хаџиќ 1
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 2 минути
Охрид:
Бркиќ, Ристевски, Ѓорѓески, Ојлески 6, Андоноски, Дрогришки 1, Шипинкоски, Ристески, Тасески 1, Шафранко 1, Крстевски, Шешиќ 4, Каракоч, Орјоканидѕе 8, Бојаниќ 2, Цирар 6
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 8 минути
Во следното 12. коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Аеродром.