Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 38-14 (18-7)
Еурофарм Пелистер во рамките од 11. коло во македонската ракометна Супер лига на домашен терен со убедливи 38:14 (18:7) го совлада Вардар Неготино. Во победничките редови доминираше Петар Атанасијевиќ со 14 голови, а на спротивната страна Лазар Адамовиќ реализираше пет погодоци.
Од трибините во салата „Боро Чурлевски“ триумфот на Еурофарм Пелистер го следеше и новото засилување Филип Кузмановски, нашиот репрезентативен бек кој според најавите ќе биде официјално промовиран како нов играч на битолската екипа в понеделник.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б
11. коло
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 38-14 (18-7)
Сшортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Цехте, Тајник, Борзаш, Танкоски 2, Костески 8, Нилсен 1, Петровиќ 3, Пет. Атанасијеввиќ 14, Васиљев, Ѓорговски 7, Пав. Атанасијевиќ 2, Пешевски, Стевановиќ 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Вардар Неготино:
Кузев, Кузманов 2, Кериќ 1, Орешков, Митевски 1, Мицев, Ѓорѓев 1, Петров 1, Адамовиќ 5, Ицев, Михајловиќ 3, О. Јовановски, М. Јовановиќ, Миниќ
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 16 минути
На три кола до крајот на првиот дел на сезоната во Суперлигата, Еурофарм Пелистер има ист број на бодови како и Вардар 1961 на водечките две позиции.